Печати

Барзут, Драгослава

.

barzut dragoslavaДрагослава Барзут, родена 1984 година во Црвенка, Војводина, студирала општа и компаративна книжевност во Нови Сад. Денес живее и работи во Белград. Во 2012 година беше објавена нејзината збирка куса проза Zlatni metak, за која ја доби наградата “Ѓура Ѓуканов”. Во 2017 година го објави романот Papirne disko kugle. За нејзиниот расказ Najduži je posljednji sat plus bonus track во 2011 година ја доби првата награда на регионалниот натпревар за куса проза „Изван коридора“. Со расказот Učim psa da se vozi sa mnom na biciklu во 2016 година ја доби третата награда за најдобар квир расказ во регионот. Драгослава Барзут е издавач на збирката куси раскази Pristojan život. Нејзините раскази беа објавени во превод на македонски, англиски и германски јазик.