Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Габриела Бабник во Скопје

.

657 babnikВо август словенечката авторка Габриела Бабник како резиденцијална стипендистка отпатува четири недели за Скопје, каде што издавачката куќа Готен ја поздрави во рамките на Reading Balkans. Нејзиниот престој таа особено го посвети на завршување на својот нов роман, во кој се занимава со револуционерните настани во Буркина Фасо.

Освен тоа, се сретна и со издавачот на македонскиот превод на нејзиниот роман Sušna doba, кој беше објавен во 2015 година во Антолог во Скопје и му даде едно телевизиско интервју на новинарот Горазд Чомовски. Во една јавна книжевна дискусија со Владимир Јанковски своето дело им го претстави на македонските читатели.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d