Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Бабник, Габриела

.

babnik gabrielaГабриела Бабник, родена 1979 година во Гепинген, студирала општа и компаративна книжевност на универзитетот во Љубљана. По еден престој во Нигерија со еден труд за модерниот нигериски роман се стекна со магистерска титула. Од 2002 година Габриела Бабник редовно пишува за значајни дневни и неделни весници во Словенија. Нејзиниот прв роман Koža iz bombaža (2007) беше одликуван како најдобар дебитантски роман од Словенечкиот сојуз на издавачите. Нејзиниот втор роман V visoki travi (2009) во 2010 година беше номиниран за наградата “Кресник”. За Sušna doba (2011) во 2013 година ја доби книжевната награда на Европската унија.