Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Tirana In Between: Барбара Корун на средба со албанските поетеси

653 korun barbaraВо јули словенечката поетеса Барбара Корун во рамките на резиденцијалната програма „ПОЕТЕКА – Tirana In Between“ поддржана од ТРАДУКИ гостуваше во албанскиот главен град. За време на својот престој таа се сретна со албанските поетеси, меѓу другото, и за да иницира еден проект за размена, во кој меѓусебно се посетуваат и препејуваат албански и словенечки поетеси.

За словенечкото книжевно списание Апокалипса Барбара Корун препеа песни од албанските поетеси Мањола Наси и Суадела Балиу. Избор од сопственото дело беше објавен во препев на Силвана Лека во книжевниот прилог Mилосао. Исто така и во книжевното и културно списание Пoетека наскоро ќе бидат промовирани нејзините песни. Освен тоа Барбара Корун својот престој го искористи и за тоа да ги посети знаменитостите во Тирана и Драч и да учествува на културните манифестации, како и на изложбата и дискусијата со сликарот Еди Хила. Во едно интервју за Газета СИ раскажа за нејзиниот живот, нејзината креативна работа и за неопходноста од комуникација во рамките на Југоисточна Европа, во која книжевноста и преводот играат примарна улога.