Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Корун, Барбара

.

korun barbaraБарбара Корун, родена 1963 година во Љубљана, студира словенечки јазик и книжевност и компаративна книжевност. Најпрвин работи како професор и работи во Словенечкиот народен театар како јазичен советник. Денес е слободна писателка и јазичен советник. Барбара Корун е поетеса револузионер и високо ценета рецензентка во Словенија и Централна Европа. За нејзината дебитантска книга, збирката поезија Ostrina miline (1999), беше одликувана со националната саемска награда. За збирката поезија Pridem takoj (2011) ја доби наградата ,,Вероника” и одликувањето „Злата птица“. Во Италија нејзиното дело беше одликувано со меѓународните награди за поезија „Леандро Полверини“ и „Регина Копола“. Некои од нејзините книги се преведени на хрватски, босански и италијански јазик. Освен тоа нејзините песни беа објавени ширум Европа и во САД на повеќе од дваесет јазици и во повеќе од 50 антологии.