Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фестивал на светската книжевност во Загреб и Сплит

652 frakturaОд 2.-8. септември хрватската издавачка куќа Фрактура покани на шестото издание на Фестивалот на светска книжевност. Книжевниот и културен настан поддржан од ТРАДУКИ со манифестации во Загреб и Сплит од година во година привлекува повеќе посетители – повеќе од 6500 луѓе учествуваа на разнобразната програма од книжевни разговори, подиумски дискусии, филмски проекции и уметнички изложби.

Поврзувајќи исклучителни автори од домашната и светската книжевна сцена, фестивалот нуди значајна платформа за меѓународен дијалог и на читателите во Хрватска им овозможува да се интегрираат со писатели од регионот и многу други земји.

bwd  Set 1/2  fwd