Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

“Граници и ограничувања“: Меѓународен книжевен фестивал Bookstan во Сараево

650 bookstanОд 4. до 7. јули во Сараево со поддршка на ТРАДУКИ се оддржа третото издание на меѓународниот книжевен фестивал Bookstan, кој во меѓувреме прерасна во омилено место за средба на автори, преведувачи и издавачки куќи. Организаторите на Buybook повторно понудија богата програма.

Оваа година тежиштето беше ставено на темата „Граници и ограничувања“, дефинирана од овогодинешниот куратор Геерт Мак, кој се смета за еден од најзначајните холандски новинари и писатели. Па така освен гостите од регионот, овој пат на фестивалот учествуваа и повеќе автори од Холандија и Белгија. Заедно продискутираа за улогата на гранците и ограничувањата во културата, книжевноста и политиката, особено за прашањето, дали личниот идентитет е детерминиран од колективното минато, разликите меѓу народите и од заедничките искуства.

bwd  Set 1/4  fwd