Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Корчула: ШУШУР! Фестивал од ричи

643 korculaВо прекрасен амбиент во летното кино на Корчула, главното место на истоимениот хрватски остров, вечерта на 3. август во рамките на книжевниот фестивал „Шушур!“ се сретнаа писателите Aндреј Николаидис, Барбара Матејчиќ, Ненад Величковиќ и Сузана Тратник. Во нивната дискусија потсетија на наследството од 1968 година и продискутираа за тоа дали е можно како автор да се изврши влијание врз општеството, какви последици има критичкото и транспарентното мислење и каква одговорност сносат писателите, во нивните дела упатувајќи на општествени проблеми. Вечерта беше заокружена со забавата ШУШУР! и диџејот Евокс од Белград.

Фестивалот ШУШУР! Фестивал од ричи е организиран од здружението КУЛА, групација од Јана Долечки, Марина Гиунио, Невена Јанковиќ, Наташа Јанковиќ и Данка Димитријевиќ - пет пријателки од Белград, Сплит и Загреб. Овогодинешното седмо издание беше организирано со поддршка од ТРАДУКИ, хрватското Министерство за култура и Туристичката заедница Корчула. Партнери на проектот се: BLOCKFREI од Виена и Центарот за култура Корчула.