Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Војновиќ, Горан

vojnovic_goran© Vesna Čadež Роден 1980 год. во Љубљана, Словенија. Тој е филмски и телевизиски режисер и сценарист. Досега има снимено три куси филма (,,Фужине закон", ,,Сезона 90/91", ,,Мојот син сексуалниот манијак"). Во соработка со Марко Сантиќ го напиша сценариото за ,,Среќан пат, Недим", којшто ја освои наградата ,,Срце на Сараево" на Сараевскиот филмски фестивал, и беше номиниран за наградата на Европската филмска академија. Пишува за бројни филмски списанија, весникот ,,Дневник", а своите колумни ги објавува на www.airbeletrina.si, како и во студентското списание ,,Елемент". Неговата прва збирка поезија ,,Убав е овој свет" ја објави 1998 год.
,,Чефури раус" е неговиот деби-роман, за којшто ја доби наградата ,,Прешерн".