Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кујунџиски, Жарко

.

kujundziski zarkoЖарко Кујунџиски, роден 1980 година во Скопје, е македонски писател. Пишува романи, куса проза, есеи, драми, поезија, филмски критики, а покрај тоа работи  како преведувач. Неговата прва книга Spectator (2003), побуди толкав интерес, што достигна осум изданија. Беше објавена на англиски и полски јазик. Неговиот роман  Америка (2006) беше преведен на италијански јазик. Жарко Кујунџиски ја води издавачката куќа Антолог и е коосновач книжевниот фестивал BookStar. Од 2012 година тој е член на П.Е.Н.-Центарот и на Здружението на писателите на Македонија.