Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Стефан Чапалику како Writer-in-Residence во куќата за книжевност и прведувачи Софија

648 capaliku stefanВо рамките на резиденцијалната програма поддржана од ТРАДУКИ во Софија во јули гостин во бугарскиот главен град беше албанскиот писател Стефан Чапалику. За време на неговиот престој тој интензивно се посвети на работата на третиот том од романот Secili çmendet simbas mënyrës së vet.

Театарот Сфумато на 3. јули го покани на меѓународна дискусија на тема „Драмата и драматургијата во Европа“. Еден ден подоцна како гостин кај професорката Русана Бајлери продискутира со студентите по балканси студии. Престојот на Стефан Чапалику беше заокружен на 26. јули со прикажувањето на неговиот документарен филм Na ishte njëherë Shqipëria [Беше еднаш во Албанија] во куќата за книжевност и преведувачи, по која проследи дискусија со авторот, која ја модерира Јана Генова, а толкуваше Русана Бајлери.

Куќата за книжевност и преведувачи Софија од 2017 година во рамките на фондацијата Next Page со поддршка на ТРАДУКИ доделува четиринеделни резиденцијани стипендии на апликанти од Југоисточна Европа и германско-јазичниот простор.

Медиуми: bnr, Видео-интервју во Читалната