Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бериша, Фериде

.

berisha ferideФериде Бериша е родена 1966 година во Приштина. Студирала машинство и од 1993 година живее во Берлин и Приштина. Во Германија работи како судски толкувач, педагог и семеен терапевт. Инспирирана од полемиката на Штефан Хесел Empört Euch!, во 2011 година во Приштина ја основа издавачката куќа „ПА“, која објавува проза, поезија и есеи. Оттогаш се објавени 27 книги, меѓу кои и дела од: Јамарбер Марко, Ардијан-Кристиан Кучуку, Гезим Алиу, но и од Фернандо Песоа или Агота Кристоф. Од 2012 година Фериде Бериша работи како книжевна преведувачка. Таа ги има преведено: Ханс Фалада  (Sachlicher Bericht über das Glück ein Morphinist zu sein), Макс Фриш (Mein Name sei Gantenbein), Ханс-Магнус Енсценсбергер (Der Zahlenteufel) и Роберт Валзер (Der Spaziergang). Последни беа објавени нејзиниот превод на биографијата за Александар Моиси од Ридигер Шапер и на Spiel im Morgengrauen од Артур Шницлер.