Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Адамештеану, Габриела

.

adamesteanu gabrielaГабриела Адамештеану, родена 1942 година, како писателка и публицист покрај Норман Манеа и Мирчеа Картарешку е еден од најзначајните гласови на романската книжевност на ХХ век. Таа е добитник на повеќе награди и нејзините книги се преведени на повеќе јазици. Книгата Dimineața pierdută (Изгубено утро) се смета за нејзиното главно дело. Од осумдесеттите години на минатиот век е активна како поборничка за граѓански права и е претседателка на П.Е.Н.-центарот на Романија.