Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Драго Гламузина во Скопје

639 glamuzinaПовеќето од неговите книги веќе се преведени на македонски јазик, така што хрватскиот автор Драго Гламузина одамна веќе не е непознат. Во јуни 2018 година имаше прилика, поопширно да се запознае со македонската културна и литературна сцена. За време на неговиот едномесечен престој во рамките на програмата Reading Balkans не само што работеше на неговиот втор роман, од кој уште во јуни месец беше преведен и објавен еден фрагмент од него. Тој се сретна и со бројни писатели и преведувачи, како и со издавачи.

Токму разговорите со македонските писатели Гламузина, кој исто така работи и како главен лектор на издавачката куќа ВеБеЦет ги искористи да создаде можности за публикување на нивните дела на хрватски јазик, а во одредени случаи дури и да склучи договори за соработка.  

За крај на неговиот престој на 29. јуни се одржа „книжевен разговор“ со Драго Гламузина во центарот за култура „Кино Култура“, што го водеше Владимир Јанковски. Јанковски, и самиот писател, е лектор во издавачката куќа Готен, која го организира резиденцијалниот престој на Гламузина.

„Reading Balkans“ е резиденцијална програма што ја изведуваат програмата Креативна Европа на Европската Унија и ТРАДУКИ.

Медуими: Oкно, A1, Република, Вечер, Радио МОФ