Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Програма Writer-in-Residence на Министерството за надворешни работи на Австрија во Музејскиот кварт во Виена: конкурс за 2019 година

.

641 bmeiaАвстриското Сојузно министерство за Европа, интеграција и надворешни работи (BMEIA) и во 2019 година ја продолжува резиденцијалната програма за автори од Југоисточна Европа. Со новиот конкурс се проширува на понатамошни земји од Средна и Југоисточна Европа. Програмата се спроведува од 1. јануари 2019 година за престои од по два месеци.

Авторот/авторката добива на користење стан во Музејскиот кварт на Виена. А месечно и износ од по 1.050 евра. При пристигнувањето Квартиер21 задржува износ од 500 евра како кауција, кои му ги враќа при заминувањето.  

За програмата може да се пријават сите заинтересирани автори и авторки од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. За да бидат избрани за програмата апликантите треба да приложат публикации на својот мајчин јазик и во последните три години да користеле стипендија за автори во Виена.

Со пријавата треба да се приложат и биографија, список на објавени дела, список на дела објавени на германски јазик (доколку постојат) и мотивационо писмо. Документите со назнака „Writer-in-Residence 2019“ треба да се испратат по мејл на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Апликациите се прифаќаат во секое време.

Формулар за пријавување

партнери на проектот

traduki partners 2014 d