Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Стипендистот на резиденцијалната програма Јерко Бакотин во Белград учествува на дебатата за „декларацијата за заеднички јазик“

645 jerko bakotinНовинарот и автор Јерко Бакотин од Сплит во јуни како Writer-in-Residence гостуваше во Белград. За време на неговиот четиринеделен престој таму се одржа десеттото издание на книжевниот фестивал КРОКОДИЛ. Во рамките на фестивалот стипендистот на резиденцијалната програма на 16. јуни учествуваше на дебатата за „Декларацијата за заеднички јазик“. Заедно со професорот по лингвистика Рајко Глушица и поп-пејачката и новинарка Ида Престар под модерација на Игор Штикс продискутира за прашањето, до која мера декларацијата досега ја постигна својата цел. Во предвечерјето на дебатата телевизискиот канал Н1 го покани Јерко Бакотин на разговор во утринската емисија „Нови дан“.

Престојот на Јерко Бакотин во куќата за автори на КРОКОДИЛ беше во рамките на проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ.

Медиуми: РТС, mondo

Фотографии ©:  Срѓан Вељовиќ