Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бакотин, Јерко

.

bakotin jerkoЈерко Бакотин, роден 1984 година во Сплит (Хрватска), студирал социологија и компаративна книжевност во Загреб. Од 2008 до 2011 година работеше за дневниот весник Нови лист. Оттогаш е слободен новинар и меѓу другото работи за политичкиот неделник на српското малцинство Новости, Третата програма на Хрватското радио, порталите kulturpunkt и lupiga.com, како и за Ноес Дојчланд и Дојче Веле. Во списанијата Зарез и Кворум има објавено рецензии, есеи, набљудувања и патеписи. Моментално работи на проектот за една серија за курдите на Блискиот исток, како и на ракописот за еден патепис од Курдистан. За една репортажа од Појасот Газа и неговата радио-документација Jedan tjedan u Idomeniju [Една недела во Идоменија] е добитник на новинарски награди. Во 2015 година Јерко Бакотин ја објави книгата Bratstva, ubojstva, gajđin.