Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Петер Денчев во Ново Место

638 denchevОд 11. јуни до 11. јули 2018 година бугарскиот писател Петер Денчев гостуваше во резиденцијалната програма во словенечкото Ново Место, која ја лансираа издавачката куќа Гога во соработка со ТРАДУКИ. Овде работеше на една нова книга и оствари повеќе разговори со директорите на словенечкиот театар. На 22. јуни Денчев ѝ се претстави на словенечката публика на едно читање во книжарницата Гога. Вечерта ја водеа Људмил Димитров, преведувач и лектор по бугарски јазик, книжевност и култура на универзитетот во Љубљана.

Престојот на Петер Денчев во Ново Место беше дел од „Reading Balkans“, кој се изведува во соработка на Програмата Креативна Европа на Европската Унија и ТРАДУКИ.

Медиуми: Долењски Лист