Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Лидија Димковска како Writer in Residence во Тирана

637 dimovskaВо јуни 2018 година македонската писателка Лидија Димковска во рамките на резиденцијалната програма „Tirana in between“ на организацијата за култура ПОЕТЕКА гостуваше во албанскиот главен град. Покрај работата на своите текстови таа времето го искористи и за истражување на историјата и културата на Албанија, особено на онаа за време на нејзината „социјалистичка епоха“. На 22. јуни Лидија Димковска ѝ се претстави на тиранската публика со читање од нејзините дела.

Кулминацијата на нејзиното читање претставуваше песната, којашто настана за време на нејзиниот резиденцијален престој. Албанските преводи на текстовите од Димковска ги читаше Силвана Лека. Вечерта се одржа во знак на сеќавање на хрватската писателка Даша Дрндиќ, која почина на 5. јуни. Даша Дрндиќ, со која Лидија Димковска ја врзуваше пријателство, и самата еднаш беше гостинка во програмата „Tirana in between“. Заедно со писателот Ариан Лека, сликарот Макс Вело и преведувачот Бен Андони Лидија Димковски во разговорот се потсети на нејзината средба со Даша Дрндиќ.

Престојот на Лидија Димковска беше дел од „Reading Balkans“, кој се изведува во соработка на Програмата Креативна Европа на Европската Унија и ТРАДУКИ.

Медиуми: Top Channel TV, Култплус, Весник Илинден