Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Queer*East во Литературниот колоквиум Берлин

642 queer eastОд 1. до 3. август во рамките на фестивалот Queer*East во Литературниот колоквиум Берлин се славеа квир-книжевноста, квир-музиката и квир-уметничкиот перформанс од Средна и Источна Европа. Уметници од осумнаесет земји дискутираа за квир-животот и квир-уметноста во нивната земја. Сите учесници изготвија кратки извештаи, кои беа собрани во една книга од фестивалот.

Читања со авторите како Лавина Бранисте, Леља Каламујиќ, Николај Бојков, Јачек Денел, Aња Голб и Давит Габуниа, филмски проекции на визуелниот уметник Карол Радџишевски и на организаторите на филмскиот ЛГБТ-фестивал Side by Side Гулија Султанова и Мани де Гир, како и настапот на музичарот на севдалинки Дамир Имамовиќ и на колективот Drag The Real Housewives of Neukölln понудија можност, публиката да се приближи до различните облици на квир-уметност. Заедно со повеќе од 600 посетители ЛБГТ*-заедницата покажа дека со креативност и единство умее и сака да се бори против маргинализацијата и дискриминацијата.

Фестивалот се реализира со пријателска поддршка од ТРАДУКИ, Организацијата на лица од ЛБГТ- заедницата говорители на руски јазик во Германија Квартеера, фондацијата Хaнхен и на Министерството за надворешни работи.

Queer*East – Фестивалска програма

Queer*East – Книга од фестивалот

Медиуми: Дојчландфунк

© Фотографии: Томас Бом