Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Апостолова Баскар, Иванка

apostolova baskar ivankaИванка Апостолова Баскар, родена 1973 година во Скопје, е антрополог по уметност и историчар на уметност. Студирала и докторирала во Љубљана и е активна како авторка, преведувачка, доцент, проект-дизајнер и директор во областа на визуелната и перформативната уметност. Моментално предава на Факултетот за уметност и дизајн на Европскиот универзитет Скопје. Освен тоа е директор на Македонскиот центар за меѓународен театар (ИТИ) и е регионална уредничка за The Theater Times. На Биеналето за архитектура во Венеција во 2016 година беше комисионер на македонскиот павилјон „No man’s land“. Иванка Апостолова Баскар преведува современа книжевност од англиски, словенечки и од другите јазици на поранешна Југославија.