Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хуремагиќ, Рамиз

.

huremagic ramizРамиз Хуремaгиќ е роден 1972 година во Казин (Босна и Херцеговина), а од 1995 година живее во Сараево. Студирал во Загреб и Сараево и се стекнал со магистерска титула по криминологија и казнено право на универзитетот Кардиф во Велика Британија. Меѓу 1992 и 1995 година служеше како „Живо месо“. Повеќе од девет години работеше во борбата против организираниот криминал. Пишува сценарија, на пр. за филмот „Dim duhana“ („Чад од тутун“), кој во 2004 година беше одликуван од Фондацијата за кинематографија на Босна и Херцеговина. Во 2013 година излезе неговата прва збирка поезија U svijetu bučnih ljudi (Во светот на гласните луѓе). Во 2016 година следуваше и втората збирка поезија Čekičanje vremena (Удирајќи го времето со чекан), во април 2018 година и третата: MIOSTRAH. Рамиз Хуремагиќ е член на П.Е.Н.- Центарот на Босна и Херцегвина.