Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Емина Жуна во Тирана

.

637 zunaКако Writer in Residence Емина  Жуна од Босна и Херцеговина во рамките на програмата Reading Balkans месец мај го помина во главниот град на Албанија, Тирана. Таму работеше на ракописот за нејзиниот нов роман, кој најпрвин треба да биде објавен под наслов Čovjek iz budućnosti (Човекот од иднината), и се занимаваше со комунистичкото минато на Албанија и неговите траги во психата на народот. Поради оваа цел посети и повеќе музеи.

Емина Жуна во рамките на пролетниот Саем на книгата во Тирана „Ditënetët e Librit“ учествуваше на една подиумска дискусија со албански писатели и преведувачи на албански јазик. Сопствено читање со дискусија имаше во познатата „Reja – the Cloud“, каде што со писателот и книжевниот теоретичар Ариан Лека и антропологот Арманда Хуса продискутира за улогата на писателите во јавната дебата и за бројни други теми од историјата и совремието. Нејзиниот престој наиде на голема резонаса во албанските и босанско-херцеговските медиуми.

Reading Balkans го реализираат програмата Креативна Европа и Европската унија и ТРАДУКИ.

Медиуми: Јајце онлајн, Авангарда, Мапо, Газета Шчиптаре, Експрес, Коха Јоне, Газета Телеграф

партнери на проектот

traduki partners 2014 d