Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Жуна, Емина

.

zuna eminaЕмина Жуна е родена 1981 година во Јајце, Босна и Херцеговина. Студирала психологија во Сараево, како и компаративна книжевност и библиотекарство, по што завршува и магистерски студии по европска култура во Стразбур, Болоња и Солун. Емина Жуна има објавено куси раскази, есеи и театарски дела. Во 2016 година излезе нејзиниот прв роман Linija života (Животна линија), кој беше многу позитивно прифатен. За нејзините куси раскази е добитник на бројни награди. Емина Жуна е член на П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина. Покрај нејзината писателска дејност, таа работи и како психолог и слободен новинар.