Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јонигк, Томас

.

jonigk tobiasТомас Јонигк е еден од најзначајните автори на својата генерација. Роден 1966 година во Екернферде, од 1991 година пишува драмски дела, либрета, сценарија и романи. Како режисер Јонигк, меѓу другото, работи во Театарот во Цирих, Театарот во Луцерн, на Берлинскиот Волксбине, како и на Шаушпилхаус Виена, чиј дел беше од 1997 од 1999 година како главен драматург. Неговите театарски дела се преведени на бројни јазици и успешно се изведуваат. Првата негова збирка беше објавена 2008 година во Дрошл под наслов Theater eins. Неговиот роман-првенец Jupiter беше објавен во 1999 година, по кој следуваа Vierzig Tage, за кој во 2009 година (заедно со неговиот преведувач Бернард Бануо) ја доби „Prix Amphi“ за најдобар роман од нефранцуско говорно подрачје во превод на француски јазик. Понатамошни романи: Melodram (2013) и Liebesgeschichte (2016).

Вебстраница