Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кнежевиќ, Јелена

.

knezevic jelenaЈелена Кнежевиќ, родена 1977 година во Нови Сад (Србија), книжевен теоретичар и универзитетски доцент студирала општа книжевност и теорија на книжевност и во 2013 докторира на тема „Концептот на убавина во германската балада“ на унверзитетот во Белград. Од 2014 година е доцент по германско-јазична книжевност на XVIII, XIX и XX век на универзитетот Црна Гора. Освен тоа предава и светска книжевност на Филолошкиот факултет и на Факултетот за црногорски јазик и книжевност во Цетиње. Таа е алумна на Програмата тандем-лектори за Југоисточна Европа на фондацијата Роберт Бош. Преводи на српски и црногорски јазик: Mauser од Хајнер Милер (2010), Die Universalbibliothek und andere Geschichten од Курд Ласвиц (2014), Einer од Норберт Гштрајн (2017). Публикации од областа на германистика и компаративна книжевност.