Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бурсаќ, Драган

.

bursac draganДраган Бурсаќ, роден 1975 година во Бихач, израснал во Босански Петровац, во 2000 година почнува да работи како новинар во Радио Бања Лука. Од 2007 година редовно пишува колумни, најпрвин за порталот БУКА, а од 2014 година и за Ал Џезира на Балкан. Тематски се фокусира на воените злосторства во поранешна Југославија и на обработка на минатото. Драган Бурсаќ за својата работа беше одликуван со Европската награда на печатот (2018), со наградата на Здружението на новинарите на Босна и Херцеговина „Најдобар новинар за 2017 година“, со наградата „Срџан Алексиќ“ (2014) и со наградата од УНИЦЕФ (2013). Тој живее и работи во Бања Лука.