Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Првата Балканска вечер во Берлин

.

622 balkanabendНа 1. јуни во Берлин за прв пат се одржа Балканска вечер, во организација на ТРАДУКИ во рамките на третата Долга вечер на идеите на Министерството за надворешни работи на СРГ. 400 посетители дојдоа во киното Бабилон во Берлин-Мите за да уживаат во читањата и дискусиите со Каталин Доријан Флореску (Ш/РО), Eрвина Халили (РК), Дамир Каракаш (РХ), Каталин Михуеац (РО), Анја Голоб (СЛ) и издавачот Себастијан Гуголц (СРГ). Програмата што ја водеа Ајлин Ригер и Хана Стојиќ беше музички обоена од фантастичниот романски соул бенд ZMEI3. Од германските текстови читаа актерите Сузане Борман и Александар Раденковиќ. Во една ждребка можеа да се добијат книги и награди од спонзорите Фруктал, Самовино и Кафана Берлин. Благодарност до сите што нè поддржаа!

 

bwd  Set 1/3  fwd

© Себастијан Велс

партнери на проектот

traduki partners 2014 d