Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ekaterini

knezevic_ekateriniСвоеглавата Екатерини, родена на почетокот на минатиот век во Солун, уште како мало девојче ја открива својата љубов за шарени материјали и отмени фустани и учи за кројачка. Против волјата на своето семјство се мажи за еден странец, којшто работи на пристаништето во Солун како странски работник од Југославија. Го придружва во Белград. Таму не треба само да го научи ,,чудниот" јазик и да се навикне на туѓата култура, туку и како вдовица со двете ќерќички да ја преграби Втората Светска војна. Со спартанска строгост, мудрост и животна сила ги воспитува двете ќерки Луција и Љубица во социјалистичкото повоено време. Кусо време работи во една кројачка задруга. Бидејќи одбива ликувајќи да го поздрави Сталин и да се потчини на новите политички услови, ја губи работата. ,,Се осамостојува" и се премажува за еден многу постар, добро ситуиран сметководител, когошто ќерка ѝ Луција не може да го прифати. Вториот брак опстојува само две години. Повторно препуштена сама на себе, од сега па натаму Екатерини шие за своите ,,приватни муштерии", како и за новозбогатените и арогантни сопруги на партиските функционери и се движи во највисоките кругови на номенклатурата. По разводот, ќерка ѝ Луција со ќерката Марија, која сака да стане писателка, се преселуваат кај неа. Стара и болна од срце, Екатерини го преживува распадот на Југославија, последната Балканска војна, Косовската криза и бомбардирањето на Белград. Со Луција и мажот од кого се разведе, Екатерини пребегува за Грција. Цел живот копнееше за своите грчки роднини и морето. На крајот стасува кај нив - засекогаш.


,,Екатерини" излезе на германски јазик во превод на Силвија Хинцман во издание на ,,Визар", Клагенфурт.