Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Der Tag, als meine Frau einen Mann fand

Берг, Зибиле.

600 berg der tagИнтересна, интелигентна, духовита: Навистина сè, што некогаш сте сакале да знаете за сексот. Клое и Размус се во брак веќе речиси дваесет години, и да, сè беше најдобро, убаво се развија, си веруваат еден на друг. Ама дека животот треба да продолжи вака, е неиздржливо. Размус сака уште еднаш да дознае: да освои некој нов свет, далеку од дома; да покаже што умее. Клое е секогаш крај него. Сè додека не го сретне Бени и повторно не се заљуби, лудо и страсно: без да мисли на утре, секс цела ноќ, уште еднаш да биде млада, проклето уште еднаш. Клое го доживува најдобриот секс во животот, а Размус најголемата катастрофа. Зибиле Берг го поставува прашањето, кое кога и да е ги окупира сите двојки: Дали сексот е од витално значење? Или попрво тоа е љубовта?  

Der Tag, als meine Frau einen Mann fand [Денот, кога жена ми си најде маж] од Зибиле Берг излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Екатерина Воинова под наслов Денят, когато жена ми си намери мъж во издание на Милениум, Софија.