Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Воинова, Екатерина

.

voinova ekaterinaЕкатарина Воинова, родена 1962 година во Бугарија, студирала германистика и бугарска филологија на универзитетот во Софија. Работела како професор по германски јазик и како доцент во областа на теорија и пракса на преведувањето. Од 2010 до 2015 година предава германски како странски јазик во Клеве и Келн. Екатарина Воинова преведува романи, стручни книги и тетарски пиеси од германски на бугарски јазик, а, меѓу останатите, ги има преведено и: Sieben Jahre in Tibet од Хајнрих Харер, Tochter des Nordens од Јулиа Крен, Die Traumbude од Ерих Марија Ремарк, Nach der Flucht од Илија Тројанов, Der Tag, als meine Frau einen Mann fand од Зибиле Берг, Die Russen-Mafia од Јирген Рот, Bis zum Untergang од Хајнц Линге, Diagnose: unheilbar. Therapie: selbstbestimmt од Свен Бетхер, Adam Geist од Деа Лохер и Der Kuss des Vergessens од Бото Штраус. Покрај тоа таа работи и како независен филмски продуцент и живее наизменично во Германија и Бугарија.