Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Коша, Богдан

.

cosa bogdanБогдан Коша, роден 1989 година во Кодлеа (Романија), најпрвин студирал романска и англиска книжевност на Универзитетот Брашов, а потоа следуваат магистерските студии по теорија на книжевност и компаративна книжевност на Факултетот за книжевност на универзитетот во Букурешт. Живее во Букурешт, каде што работи како новинар за култура и води работилница за креативно пишување. Со Poker во 2011 година го објавува својот прв роман од истоимената трилогија – откако со него во 2010 година ја освои наградата за книжевно деби на издавачката куќа Картеа Романеска. Во 2013 година излезе збирката песни O formă de adăpost primară и вториот дел од трилогијата под наслов Black Glass. На Четвртата гала за млади писатели Богдан Коша за неговиот роман беше избран за „млад писател за 2013 година“. Ultraviolență, последниот том од неговата трилогија, излезе 2017 година. Богдан Коша има престојувано на повеќе резиденцијални престои како стипендист. Некои од неговите текстови се преведени на англиски, француски, германски, шпански, шведски и унгарски јазик.