Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гарагиале, Јон Лука

.

caragiale ion lucaЈон Лука Гарагиале (1852-1912) е роден во едно мало село во близина на Плоешт (Романија), кое денес во негова чест го носи неговото име. Од 1868 година зема настава по глума на конзерваториумот во Букурешт што го води чичко му Костахе. Кога 1870 година умира татко му, Гарагиале мора да му се најде на семејството. Работи како суфлер на Националниот театар во Букурешт, како преведувач и новинар во весници и сатирични списанија. Во литературниот кружок „Јунимеа“ се запознава со Титу Маиореску. Кога овој станува министер за култура во 1888 година, го унапредува Гарагиале во генерален директор за театар – позиција која ја задржува година дена. Помеѓу 1878 и 1890 година Гарагиале претежно пишува драми, а потоа пишува и бројни новели и раскази. Во 1891 година Романската акедемија одбива да го прими. Навреден отвора гостилница во квартот на трговците во Букурешт. Благодарение на едно наследство може да патува во Западна Европа. Во 1904 година Гарагиале со семејството се преселува во Берлин, каде што објавува понатамошни збирки куси раскази. Тој почина 1912 година во Берлин.