Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Die zerrissenen Jahre. 1918-1938

Блом, Филип.

588 blom die zerissenen jahreСосем ново претставување на годините, кои доведоа до Втората светска војна. Во 1918 година завршува војната, ама светот никако да се смири. Сето она што беше сигурно се разниша, така што војната продолжува: помеѓу левичарите и десничарите, конзервативните и модерните, работниците и претприемачите. По неговиот бестселер Der taumelnde Kontinent за годините на Европа пред Првата светска војна Филип Блом ја води историјата понатаму до 1938 година и го проширува хоризонтот до САД. Џезот подготвува едно ново чувство на слобода, истовремено демократијата запаѓа под притисок. Весниците и радиото ги доживуваат своите најдобри години, а сепак во Берлин горат книги.  

Die zerrissenen Jahre. 1918-1938 [Растргнати години. 1918-1938] од Филип Блом излезе на хрватски јазик (извадок) од Горан Шмит под наслов Rastrgane godine. 1918.-1938. Во издание на Фрактура, Загреб.