Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ich will Zeugnis ablegen bis zum letzten

Клемперер, Виктор.

585 klemperer zelimЗаписите на Виктор Клемперер од времето на националсоцијалистичкиот терор се покажааа како неопходни и неспоредливи документи на времето. „Набљудувај, запишувај, студирај“ – ова постојано барање до себе си го реши со своите минуциозни белешки за секојдневието на прогонот на Евреите. Себе си се гледаше како „пишувач на културната историја на катастрофата“, а освен тоа стана хроничар на судбините и семејните трагедии, кои инаку ќе беа заборавени. Тој пишуваше катадневно и покрај постојаната смртна опасност, присилната работа и понижувачката егзистенција во „Куќата на Евреите“. Запишуваше гласини, вицеви, вести. Сè почесто со сопругата Ева мораа да се збогуваат од луѓе кои им беа блиски, сè почесто во контекст со транспортот на Евреите се споменуваше името Терезиенштат. 1942 година Клемперер за прв пат чу за најсурвото од сите места: Аушвиц.

Ich will Zeugnis ablegen bis zum letzten. Tagebücher 1933-1945. Eine Auswahl [Сакам да сведочам до крај. Дневници 1933-1945 година. Избор] од Виктор Клемперер излезе на хрватски јазик (извадок) во превод на Дамјан Лаловиќ под наслов Želim svjedočiti do kraja. Dnevnici 1933-1945. Izbor во издание на Диспут, Загреб.