Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Клемперер, Виктор

.

klemperer victorВиктор Клемперер е роден 1881 година во Ландсберг/Варте како осмо дете на еден рабин. Во 1890 година семејството се преселува во Берлин. Од 1902 до 1905 година студира филозофија, романистика и германистика во Минхен, Женева, Париз и Берлин. До неговото повторно продолжување на студиите во 1912 година живее како новинар и писател во Берлин. По докторирањето (1913) и хабилитирањето (1914) до почетокот на Првата светска војна е лектор на универзитетот во Неапол. Во 1920 година Виктор Клемперер ја добива катедрата за романистика на Техничката висока школа во Дрезден, од која го отпуштаат во 1935 годна поради неговото еврејско потекло. Во 1940 година присилно е сместен во еден дом за Евреи. По бегството во февруари 1945 година во јуни се враќа во Дрезден и таму е назначен за професор на Техничкиот универзитет. Од 1947 до 1960 година Клемперер предава на универзитетите во Грајфсвалд, Хале и Берлин. Во 1950 година, како претставник на Уметничкиот сојуз, станува и пратеник во Народната комора на ГДР. Од 1953 година Виктор Клемперер беше член на Академијата на науките во Берлин. Почина 1960 година во Дрезден. Одликувања: Националната награда III. класа (1952), наградата Братот и сестрата Шол (постхумно, 1995).