Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кочи, Африм

.

koci afrimАфрим Кочи (1938-2017) се вбројува во еден од најистакнатите книжевни преведувачи на Албанија. Списокот на неговите публикации опфаќа повеќе од 100 преведени книги. Освен тоа има напишано бројни рецензии и критики. За неговиот превод на делото Der Zauberberg од Томас Ман, албанското Министерство за култура го одликува со наградата Фан Ноли а во 2007 година за неговата работа му ја додели “Penes së Argjendë” (“Сребрено перо”). Истата година градот Тирана го назначи за еден од десетте личности на годината. Африм Кочи преведуваше претежно од германски јазик. Кон неговите преводи се вбројуваат многу познати автори, меѓу кои и: Фридрих Шилер, Хајнрих фон Клајст, Лудвиг Рен, Ханс Фалада, Штефан Цвајг, Херман Хесе, Хајнрих Ман, Томас Ман, Валтер Бенјамин, Клаус Ман, Зигфрид Ленц, Хајнрих Бел, Гинтер Грас, Фридрих Диренмат, Макс Фриш, Криста Волф, Ефраим Кишон, Елфриде Јелинек и Кнут Хамсун.