Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Зора дел Буоно го користи резиденцијалниот престој во Сплит за истражувања за Ел Шат

.

602 zora del buonoШвајцарската писателка Зора дел Буоно од октомври до ноември четири недели гостуваше во Сплит како стипендистка на резиденцијалната поддржана од ТРАДУКИ „Марко Марулиќ“. Таа го искористи престојот во организација на здружението KУРС за да се нурне во културниот живот на градот, да оствари нови контакти и да собере информации за работата на нејзината нова книга за комплексот бегалски камп Ел Шат во кој од 1944 до 1946 година беа сместени евакуираните граѓани-бегалци од Далмација.

Како завршеток на нејзиниот престој Зора дел Буоно се претстави во рамките на низата манифестации Диску(р)сија во еден разговор со модераторот и преведувач Маријо Главаш. Сплит ѝ остана в срце – а и таа на Сплит – така што најави дека повторно сака да го посети градот.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d