Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Нова резиденцијална програма на ТРАДУКИ во Софија

.

594 dalibor plecicСо три резиденцијални стипендии за престој во втората половина на 2017 година отпочна новата резиденцијална програма на ТРАДУКИ за писатели и преведувачи во куќата за книжевност и превод во Софија.  

Како прв гостин Next Page Foundation во август му посака добредојде на српско-канадскиот писател и преведувач Миодраг Којадиновиќ, кој го искористи престојот за да поработи на неговата збирка раскази на теми миграција и идентитет, да истражува во Националниот архив и да се сретне со бугарски издавачи, преведувачии, научници и новинари.  

Во октомври во куќата за книжевност и превод во бугарскиот главен град живееше Иван Шопов од Македонија. Тој работеше на ракописот на неговиот нов роман, во кој меѓу другото го тематизира напливот на нови споменици во Скопје, како и на преводот на куси раскази и песни од бугарски на македонски јазик. Освен тоа воспостави контакти со бугарски автори, организатори на книжевни фестивали, новинари и карикатуристи.

Во ноември во Софија допатува Далибор Плечиќ од Србија, кој за време на престојот работеше на неговиот нов роман за идентитет во контекст на нови идеологии и се сретна со бугарските автори, чии дела во моментов ги преведува на српски јазик. На 28. ноември заедно со други писатели учествуваше на едно поетско читање во организација на Иван Димитров.

Во рамките на резиденцијалните престои Next Page Foundation освен тоа органзира јавни разговори со авторите, кои на стипендистите им овозможија да им се престават себе и своите дела на читателите во Софија.

Видео: Миодраг Којадиновиќ во „Читалната”

Видео: Далибор Плечиќ во „Читалната”

Виде: Иван Шопов во „Читалната“

Видео: Авторски разговор со Иван Шопов

Радио-интервју со Иван Шопов

партнери на проектот

traduki partners 2014 d