Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Успешен почеток на новата резиденцијална програма за писатели во Цетиње

.

593 cetinjeСо три стипендисти оваа есен отпочна програмата „Книжевна резиденција во Цетиње – писатели во историскиот главен град“, со што понудата на резиденцијалните програми од ТРАДУКИ сега се прошири и на Црна Гора. Издавачката куќа Отворени културни форум (ОКФ) како стипендисти во резиденцијата во септември му посака добредојде на Томислав Марковиќ од Србија, во октомври на Петар Андоновски од Македонија, а во ноември на Ненад Ризвановиќ од Хрватска.

Гостите добија можност, четири недели интензивно да работат на нивните ракописи и да се запознаат со црногорското општество и книжевната сцена. Томислав Марковиќ на 09. октомври гостуваше на Факултетот за црногорски јазик и книжевност во Цетиње на тема „Лична поезија“ и се претстави на меѓународниот Саем на книгата во Подгорица.  Издавачката куќа ОКФ и со Петар Андоновски и со Ненад Ризвановиќ организираше авторски дискусии на факултетот.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d