Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Миочиновиќ, Ѓура

.

miocinovic djuraЃура Миочиновиќ, роден 1979 година во Белград, студира романски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на универзитетот во Белград. Потоа се запишува на магистерски студии во романскиот Темишвар, кои ги завршува во 2006 година. Уште за време на студиите во Белград почнува да преведува книжевни текстови за списанија. Следат преводи на збирки есеи, театарски пиеси, романи, куса проза и историографски дела за реномирани српски издавачки куќи. Ѓура Миочиновиќ преведува од романски и англиски на српски јазик, а од 2015 година е член на Здружението на книжевни преведувачи на Србија.