Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Леман, Ханс-Тис

.

lehmann hans thiesПроф. д-р Ханс-Тис Леман, роден 1944 година во Ерингхаузен, е реномиран театролог. Од 1988 година до неговото пензионирање во 2010 година предава како професор по театрологија на универзитетот во Франкфурт на Мајна, каде што даде значителен придонес во изградбата на студиските смерови театрологија, филмски и медиумски науки, како и на смерот за постдипломски студии по драматургија. Од 2013 до 2014 година беше професор по драматургија на Високата школа за музика и театар во Лајпциг. Како визитинг доцент, меѓу останатото, предава во Амстердам, Беркли, Шарлотесвил, Кент, Краков, Парис, Токио и Виена. Во фокусот на неговиот научен интерес се наоѓаат современиот театар, теоријата на театарот, естетската теорија, како и Бертолт Брехт и Хајнер Милер. Во 2017 година Ханс-Тис Леман беше примен во академијата на уметностите во Берлин.