Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Berlin liegt im Osten

Веремј, Неља.

576 veremej berlinОвој грандиозен дебитантски роман, кој уште во насловот ги носи своите географски и културни мотиви, води од едно кавкаско гратче преку Ленинград до Берлин. Авторката во него исто толку сликовито раскажува за градската енклава на руските мигранти, како и за детството во провинцијата на поранешниот Советски сојуз. Берлин во овој роман, кој се одигрува околу Алксандарплац, ги поседува своите резервати на осаменост и животна радост, и оживува преку неповторливиот глас на една јас-нараторка, што ја има само навидум воопшто неспектакуларната професија на негувател за стари лица. Низ неа поминуваат животните стории на клиентите и со поврзуваат со нејзината сопствена биографија. Станува збор за Берлин полн со животни стории и една авторка, која со многу емпатија стои до своите фигури.

Berlin liegt im Osten [Берлин се наоѓа на исток] од Неља Веремеј излезе на босански јазик (извадок) во превод на Мира Ѓорѓевиќ под наслов Berlin se nalazi na istoku во издание на Бајбук, Сараево.