Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Куќа на книжевноста Салцбург: Хрватска книжевност во фокусот

.

591 salzburg2

Во куќата на книжевноста Салцбург на 27. ноември со Даша Дрндиќ и Марко Погачар беа сопоставени две генерации писатели. Настанот го организираа Книжевниот форум Лезелампе, пролит и Хрватска во фокусот со Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи во соработка со ТРАДУКИ.

Даша Дрндиќ од здравствени причини не можеше лично да учествува на книжевната средба, но со опсежната промоција на нејзината книга Sonnenschein беше сосем присутна. Марко Погачар читаше од неговата збирка поезија Crna pokrajina. Во возбудлива дискусија со водителката Анемари Тирк тој ги расветли јазичните развои по распадот на Југославија, како и општествените прашања на нејзините држави-наследнички. Германските текстови ги читаше Петра Нагенкегел, а од хрватски јазик толкуваше Маша Дабиќ.

 

партнери на проектот

traduki partners 2014 d