Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Андреевски, Петре M.

.

andreevski petreПетре M. Андреевски (1934 - 2006) е роден во Слоештица - Демирхисарско во југозападна Македонија. По посетата на тамошното селското народно училиште, завршува средна педагошка школа во блиската Битола. Кусо време работи како учител по селата во неговата родна област. Потоа ги започнува студиите по јужнословенска филологија, за најпосле да се посвети на новинарството. Работи како уредник за Македонската Радио Телевизија и таму е одговорен за одделот филм и народна музика. Подоцна работи и за книжевното списание Разгледи. Откако во шеесетите години се стекнува со реноме како поет, во 1980 година го објавува својот прв роман Пиреј, кој до ден денес претставува една од најчитаните книги во Македонија. Покрај неговата повеќекратно наградена поезија и романите Андреевски пишува и драми, куса проза, како и книги за деца. Тој беше член на Здружението на писателите на Македонија, на македонскиот П.Е.Н.-Центар и на Македонската академија на науките и уметностите.