Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Мухарем Баждуљ како Writer-in-Residence во Скопје

.

589 bazduljВо октомври босанско-херцеговачкиот писател Мухарем Баждуљ дојде во посета на македонскиот главен град, за како стипендист во резиденцијалната програма „Апсолутно модерен” на лице место да се запознае со книжевната и културната сцена. За време на својот престој тој особено се посвети на работата на неговата нова збирка есеи. На крајот од неговата посета на една книжевна дискусија им се претстави на читателите. Публиката заинтересирано ја следеше промоцијата на неговиот најнов роман Lutka od marcipana, кој сега е преведен на македонски јазик, како и на неговите излагања за книжевната сцена на Балканот и за актуелниот развој на европската книжевност.

Со поддршка од ТРАДУКИ издавачката куќа Готен од 2013 година во рамките на резиденцијалната програма „Апсолутно модерен” доделува стипендии за престој за писатели и преведувачи во Скопје.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d