Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хрватска на десеттото издание на Книга во Виена

.

584 wien buchmesseНа голем интерес на медиумите и публиката од 8. до 12. ноември се одржа саемот Книга Виена, кој оваа година ја прослави својата десетгодишнина. Со поддршка на БМЕИА и во соработка со ТРАДУКИ во рамките на Годината на културата Австрија –Хрватска 2017 успешно беше претставена и хрватската книжевност. Вкупно деветте манифестации беа живописно признание за книжевноста и книжевната размена со Југоисточна Европа.

Славенка Дракулиќ гостуваше со својата последна книга објавена на германски јазик Dora und der Minotaurus за кобната врска меѓу фотографката Дора Маар и Пабло Пикасо. Во австриското Друштво за книжевност пред бројните посетители таа не зборуваше само за овој роман, туку и за нејзините политички есеи и други книги.

Ивана Сајко го претстави својот неодамна на германски објавен роман Liebesroman, а на една вечерна манифестација во театарот Драхенгасе настапи заедно со поетот Mарко Погачар. Литертур унд Критик навреме за саемот го објави своето списание со умно компониран фокус на книжевноста од Далмација, за на крајот Лидија Класиќ да ги поведе посетителите на еден книжевен културно-историски излет во Истра. На една од низата завршни панел дискусии Антје Конциус зборуваше за програмските одредници на ТРАДУКИ, а Херберт Орлингер, директорот на издавачката куќа Золнај и писателот Марко Погачар ги дополнија излагањата од перспективата на издавач и на книжевник.  

Марко Погачар во разговор со Бора Косиќ



{vsig_c}0|wien_03.jpg||Лидија Класиќ за време на промоцијата на нејзината книга "Noch 172 Tage bis zum Sommer" во лаунчот Дунав/vsig_c}
{vsig_c}0|wien_04.jpg||Претставување на книжевноста и критика/Далмација-фокус, лаунч Дунав. В.р.н.л. -  Владо Булиќ, Марија Ивановиќ, Марко Погачар, Арно Клајбел и Николаус{/vsig_c}

Фотографии: Лажло Бардоси

партнери на проектот

traduki partners 2014 d