Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

ТРАДУКИ на Светскиот прием на Саемот во Франкфурт 2017

.

Манифестацијата што се изведе во соработка со Министерството за култура на Република Романија „Quo vadis Rumänien?“ беше посветена на процесот на демократизација на Романија по падот на Чаушеску и на актуелниот политички и општествен развој, како и на перспективите на земјата. Под модерација на Карл-Петер Шварц (Австрија) продискутираа: Михај-Ражван Унгуреану (Романија), Сорин Јонита (Романија) и Филип Тер (Австрија).

583 frankfurter buchmesse big

На манифестацијата на тема „Топка за играње Балкан“, организирана со Агенцијата за книги на Словенија ЈАК и Центарот за култура на Словенија во Берлин, продискутираа Бранко Собам (Словенија), Владимир Пиштало (Србија/САД) и Мари-Жанин Калик (Германија) за меѓународните конфликти на интереси, кои се одразуваат во државите на Југоисточна Европа, како и за прашањето, колку суверено и со кои перспективи овие земји можат да ја искористат својата историска рутина, за од кризите да создадат нешто ново.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d