Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Книжевност и рокенрол: Мобилна книжевна резиденција Челобрдо, Црна Гора

.

582 celo brdo„Доживотна слобода“ – овие зборови инспирирани од дискурсот на слободата на српските надрелисти од почетокот на ХХ век, беа темата на четврттата мобилна книжевна резиденција, што се одржа од  25. септември до 10. октомври 2017 година во црногорското Челобрдо, но и во Котор и во Будва. Програмата поддржана од ТРАДУКИ ја организираа ЗМУЦ од Белград и  За Друга од Петровац.

Во Котор писателите Звонко Карановиќ од Белград и Фарух Шехиќ од Сараево заедно со основачот и текстописецот на сплитскиот хипхоп-бенд ТБФ, Саша Антиќ и со поетесата од Будва Катарина Сариќ стапија во интензивен дијалог за поезијата, прозата и рокенролот на тема „Доживотна слобода“, додека белградскиот автор Владимир Јовановиќ ѝ се претстави на публиката во Челобрдо.

Во стариот град на Будва се одржа вистински рокенрол хепенинг, кога писателката Асја Бакиќ од Загреб и Ѓорѓе Шчеповиќ од Подгорица настапија заедно со пеачот на црногорската алтернативна рок група Аутогени тренинг, Дино Капетновиќ, со рок-поетот и музичар Никола Врањковиќ, поранешниот фронтмен на белградскиот бенд Block Out, кој направи успешна соло-кариера, како и со Небојша Симеуновиќ Сабљар, пеачот на рок-бендот Џа или бу од Белград.

Како резултат од резиденцијата настанаа прозни текстови, поезија и музика на тема „Доживотна слобода“ од уметниците што зедоа учество на неа, меѓу останатото објавени во еден блог. Интервјуа со учесниците, како и импресии може да се погледнат овде.

bwd  Set 1/2  fwd

партнери на проектот

traduki partners 2014 d