Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Програма Writer-in-Residence: Драгољуб Станковиќ за прв пат во Сараево

.

580 stankovic dragoljubВо септември српскиот писател Драгољуб Станковиќ го отпочна својот четиринеделен резиденцијален престој во Сараево – престој, кој за него лично беше од големо значење, бидејќи во своите дела, особено во неговиот неодамна објавен роман Beogradski kiklop, ги обработува деведесеттите години, а со тоа и со војната во Босна.

Во рамките на една книжевна вечер гостинот од Белград на 26. септември ѝ се претстави на сараевската публика. За значењето на неговото дело и на неговиот роман  Beogradski kiklop зборуваа новинарот и книжевен критичар Ѓорѓе Крајшник како и уредничката на списанието Урбан и на издавачката куќа Buybook Кристин Љевак. За импресиите од Сараево Драгољуб Станковиќ пишува во неговиот дневник што го напиша за Радио Слободна Европа.

Со гостинскиот престој на Драгољуб Станковиќ П.Е.Н. – Центрот на Босна и Херцеговина успешно ја заврши овогодинешната резиденцијална програма за писатели и преведувачи поддржана од ТРАДУКИ. 

партнери на проектот

traduki partners 2014 d